|
|
Асоцијација за унапредување на статусот на жената во современите општествени процеси "Женска Акција" | ||
| за нас | проекти | во медиуми | контакт | документи |
|
"Женска Акција" е Асоцијација за унапредување на статусот на жената во современите општествени процеси. Основана е на 30.11.2000 година и оттогаш има работено на повеќе проекти, голем дел во соработка со ЗЖА "Перспектива", а под покровителство на Совет на Европа, Фридрих Науман, ИТЗ, ФИООМ ... Органи на "Женска
Акција" се: Собранието се состои од сите членови на Асоцијацијата и има свој претседател. Претседател на Собранието е Црцевска Виолета. Извршниот комитет брои 5 члена и има свој претседател и потпретседател. Претседателот на Извршниот комитет, Драгица Милошевска, е истовремено и претседател на Асоцијацијата. Потпретседател е Лидија Неделковска, а членови се: Донка Дјакова, Мерсија Куртановиќ и Лилјана Милошевска. Генерален секретар на Извршниот комитет, истовремено и генерален секретар на Асоцијацијата е Нада Стојановиќ. "Женска Акција" има и Надзорен одбор, кој брои 3 члена. Надзорниот одбор има свој претседател, Лоза Илиевска, а членови се: Благородна Соколовска и Зорица Путиќ. "Женска Акција" има свои членови низ Републикава, кои досега формирале ограноци во Штип, Чашка, Радовиш, а во фаза на формирање е огранокот во Битола.
|